Водителката Николина Пишек јавно зборуваше за потресните детали од приватниот живот и бракот со покојниот сопруг Видое Ристовиќ, наведувајќи дека со години трпела физичко и психичко насилство. Водителката во поткастот „Bad Advice Club“ разговараше за, како што тврди, трауматичните ситуации низ кои поминувала, но и за причините поради кои долго време не зборувала јавно за сè што доживеала.
Пишек потврди дека нејзините претходни изјави за насилство се однесуваат токму на нејзиниот покоен сопруг Видое Ристовиќ, со кого ја има ќерката Уна Софија. Како што раскажа, за време на бракот повеќе пати се нашла во ситуации кои ги доживувала како потенцијално опасни по живот, а за сè молчела, според нејзините зборови, првенствено поради добробитта на децата.
„Многупати ме удри“
– Многупати ме удри. Поминав низ физичко насилство, да. Иако, сметам дека психичкото малтретирање е значително полошо од физичкото злоставување. Многупати бев во животни ситуации кои за мене беа потенцијално опасни – наведе водителката.
Зборувајќи за реакциите на јавноста и за честото прашање поради што жените остануваат во насилни партнерски односи, Николина истакна дека заминувањето од таквите врски не е едноставно, како што тоа многумина го замислуваат.
– Како што секогаш бива, и сега луѓето се прашуваат зошто ние жените трпиме насилници. Сметаат дека е едноставно да се замине од таквите односи, а не знаат ништо за тоа. Веруваат дека си во тој однос поради пари, некои бенефиции и животни олеснувања, што нема врска со вистината. Да беше лесно да се замине, многу жени би се спасиле навреме – беше искрена Николина.
„Кога му реков дека сакам да го напуштам, извади пиштол“
Еден од најпотресните делови од нејзиното сведочење се однесуваше на моментот кога, како што тврди, се обидела да го прекине бракот со Видое Ристовиќ. Пишек раскажа дека неговата реакција на соопштената одлука била многу вознемирувачка и дека тогаш, како што наведува, особено стравувала за безбедноста на своите ќерки.
– Кога му соопштив дека сакам да го прекинеме брачниот однос и дека сакам да го напуштам, извади пиштол. Не сакаше да го употреби, само го стави на маса, но тогаш сфатив некои работи и во каква ситуација сум со него. Тогаш не се плашев за себе, колку што се плашев за децата, и за постарата и за помладата ќерка, бидејќи имаше директни и отворени закани – откри Пишек.
„Вистина е дека ме изневеруваше“
Водителката за време на разговорот се осврна и на шпекулациите за наводното неверство на покојниот сопруг, како и на околностите на неговата смрт. По тој повод изнесе тврдење дека во станот во кој починал Видое се наоѓала уште една жена.
– Беше присутна една женска личност во станот во кој почина, во моментот кога почина. Не знам како се вика, толку ми е тоа важно. Таа женска личност призна дека била во некаква врска со мојот сопруг, а мојот свекор тоа го формулираше како да станува збор за масажа, жена која се нашла таму за да го масира Видое. Сè е многу чудно. Главно, здравствениот наод потврди дека умре од прекин на работата на срцето – заклучи Николина во поткастот „Bad Advice Club“.
„На луѓето им пречи што станав од дното“
Пишек зборуваше и за реакциите на јавноста по смртта на сопругот, како и за критиките со кои се соочи кога продолжи да работи и да се појавува во јавноста. Како што наведе, во почетокот наводното неверство на сопругот ја лутело, но со текот на времето сфатила дека мора да продолжи понатаму и да биде силна поради своите деца.
– Сфатив дека луѓето ужасно ги иритира да си жив и работно способен, да функционираш. За моја жалост сум јавна личност, а некој добро извлече паралела и рече дека јавна личност е како јавен клозет. Не сакам тоа да бидам. Никој немаше да ми замери да се бавев со која било друга работа, но се бавам со телевизиска, и тоа е проблем. Луѓето ужасно ги вознемири тоа што почнав да се бавам со својата работа која, Боже сочува, е јавна работа. Сметаа дека тоа е непримерно, и во тоа е сета тага на ова општество – заклучи водителката.
Гостувањето на Николина предизвика внимание поради тешките тврдења кои ги изнесе за приватниот живот, но и поради нејзиниот осврт на положбата на жените кои се соочуваат со насилие и осуда од околината.
фото:Instagram printscreen/nikolina_pisek






