Радио Милева (о)слободен човек...

По седум години Апелација го ослободи Боки 13 од обвиненијата за „Меѓународен сојуз“, а тој се огласи со порака: „Ова е победа над злото“! (ВИДЕО)

По седум години Апелација го ослободи Боки 13 од обвиненијата за „Меѓународен сојуз“, а тој се огласи со порака: „Ова е победа над злото“! (ВИДЕО)

Голем пресврт во еден од најпознатите судски случаи во Македонија! Бојан Јовановски, попознат како Боки 13, доби ослободителна пресуда од Апелациониот суд Скопје во предметот „Меѓународен сојуз“, со што падна првостепената пресуда според која беше осуден на пет години затвор.

Веста ја објави неговиот адвокат Сашко Дуковски, кој не го криеше задоволството од донесената одлука, оценувајќи дека правдата можеби доаѓа бавно, но сепак е достижна.

„Ете, правдата е бавна, но достижна! Апелациониот суд во Скопје денес донесе ослободителна пресуда за Бојан Јовановски во предметот ‘Меѓународен сојуз’. Со тоа ја преиначи првостепената пресуда на Основниот кривичен суд од пет години“, објави Дуковски.

Оваа одлука доаѓа по долгогодишна судска постапка, која со големо внимание ја следеше јавноста. По повтореното судење во октомври 2025 година, Боки 13 беше осуден на петгодишна затворска казна за измама и перење пари, во случајот поврзан со наводни финансиски злоупотреби преку невладината организација „Меѓународен сојуз“.

Но, сега следуваше целосен пресврт во неговиот судски епилог!

По објавувањето на одлуката, се огласи и самиот Јовановски на социјалните мрежи.

Боки „распука“ на свиоте профили и на Фејсбук и на Инстаграм и со пишана и со видео порака соопштувајќи дека по седум години е ослободен од сите обвиненија и ја дочека одлуката што  ја чекал со години. Им се заблагодари на сите што му давале поддршка во текот на долгата судска битка, повторувајќи ја пораката дека правдата е бавна, но достижна.

„Ова е победа над злото. Нека живеат вистината и правдата“ – напиша меѓудругото Јовановски во објавата.

Фото и видео: Инстаграм/boki13official

 

 

To top