Младата пејачка Били Ајлиш се најде на удар на критики поради наводна операција за намалување на градите.
Били Ајлиш која има дваесет и четири години се најде во центарот на жестока дебата на социјалните мрежи, откако обожавателите забележаа промена во нејзиниот изглед и почнаа да шпекулираат дека можеби направила операција за намалување на градите. Нејзиниот изглед и личните избори предизвикаа бројни коментари, но и поделени реакции во јавноста.
Младата пејачка предизвика лавина шпекулации откако ја претстави својата соработка со луксузниот бренд за накит „John Hardy“, во рамките на колекцијата „Wildflower“.
На фотографиите од кампањата, Били позира во креации што повеќе ја следат линијата на телото, што претставува забележлива промена во однос на широката облека по која со години е препознатлива.
View this post on Instagram
Набргу потоа, корисниците на социјалните мрежи почнаа да споделуваат фотографии од пејачката од различни периоди и да го споредуваат нејзиниот изглед. Некои од нив се запрашаа дали направила естетска интервенција.
View this post on Instagram
Еден корисник на социјалната мрежа Икс напиша: „Били Ајлиш ги намалила градите, а мене сега ми е потребна емоционална поддршка“.
Billie Eilish fans speculate that the pop star has had a breast reduction https://t.co/IsVXkshdAS
— Daily Mail (@DailyMail) November 3, 2026
Друг корисник коментираше: „Изгледа дека обожавателите се незадоволни поради шпекулациите дека Били Ајлиш ги оперирала градите. Можеби ѝ биле претешки?“
Сепак, имаше и такви кои застанаа во одбрана на пејачката. Еден коментар особено се издвои:
„Болките во грбот поради големите гради не се шега. Здравјето и удобноста се на прво место“.
foto: printscreen/instgaram/X





