Популарната македонска пејачка Антониа Гиговска повторно се најде во центарот на вниманието на јавноста по нејзиното емотивно гостување во подкастот кај Стефан Лазаров.
Младата музичка ѕвезда, која стана мајка на 22 години, за првпат отворено проговори за најтешкиот период од својот живот – соочувањето со постпородилната депресија и тешкотиите со доењето на нејзиниот син Киан.

Иако нејзината намера беше да даде утеха и поддршка на сите жени кои поминуваат низ слични ментални и физички предизвици, социјалните мрежи експлодираа со лавина од негативни коментари, осуди и жестоки критики од дежурните „совршени мајки“.
Нападите отидоа дотаму што се преиспитуваше нејзината улога и посветеност како родител, што уште еднаш го покажа суровиот тренд на „мајчинско осудување“ на нашите простори.
View this post on Instagram
По бурните реакции кои го преплавија интернетот, Антониа реши да не молчи и се огласи со моќна и искрена порака на својот Инстаграм профил.
„Во подкастот отворено зборував за најтешкиот период од мојот живот… Цело време плачев, не се осеќав своја кога Киан цицаше“, сподели таа, додавајќи дека мајчинството воопшто не треба да се мери според начинот на кој се храни детето.„Мајчинството се мери според љубовта, грижата, непреспиените ноќи, посветеноста и сè она што го правите за вашето дете. Не си помалку мајка ако му дадеш адаптирано млеко на бебето“, децидна е Гиговска.
View this post on Instagram
Иако критиките беа гласни, поддршката за младата пејачка сепак се покажа како помногубројна.
Нејзиниот сопруг Роберт, семејството, колегите од естрадата и бројните фанови веднаш застанаа зад неа, упатувајќи ѝ зборови на охрабрување.
Тука беше и реакцијата на нејзиниот брат Дарко која таа ја сподели јавно, а во неа тој во контранапад до хејтерите вели:
-Социјални мрежи треба да се дозволат само со лекарска дозвола…Не е за секој интернет… јасен беше братот на пејачката која го сподели неговиот коментар и напиша: „Братче мое“.

Со овој потег, Антониа Гиговска уште еднаш покажа дека покрај тоа што е одличен вокал, таа е и силна млада жена која одбива да се поклони пред притисокот на лажниот морализам на социјалните мрежи.

Наместо тоа, таа испрати важна лекција: среќна и психички стабилна мајка, значи среќно и здраво бебе/дете.
фото:Instagram printscreen/antoniagigovskaa




