Радио Милева доста и беше

Крај по 12 години! Ана Бекута официјално соопшти: „Не ми треба, ме оптоварува“

Крај по 12 години! Ана Бекута официјално соопшти: „Не ми треба, ме оптоварува“

Ана Бекута и во седмата деценија од животот е многу активна на социјалните мрежи, а неодамна откри дека им е приврзана само поради работата.

Како што призна за српските медиуми, членовите на тимот влијаеле на тоа да направи профили на мрежите, но таа донела одлука да ги избрише истите во блиска иднина.

– Немам поврзаност со социјалните мрежи. Ме наговорија прво да направам профил на Фејсбук, потоа и на Инстаграм, сега се во процес на преговори да отворам Тикток, што не ми паѓа на памет да го направам – ни изјави Ана, па додаде:

– И Инстаграм планирам да го изгасам. Не ми треба, ме оптоварува и ми одзема време. Се затекнувам себеси како скролам некои небитни работи без никаква поента. Се бавам со такви глупости наместо да читам некоја книга – заклучи пејачката пред нашите камери.

„Не морам да ти одговорам“

Потсетуваме, Ана зборуваше за српската естрадна сцена, а прашањето која од помладите колешки би можела да ја наследи ја вознемири, по што бурно реагираше.

– Добро прашање. Секогаш некого ќе изоставам, ако веќе морам, не морам да ти одговорам –  рече Ана, но сепак одлучи да открие имиња.

– Александра Пријовиќ, Магдалена Врачиќ оди по добри патеки, но не затоа што снимивме песна. Ем убаво пее, ем убаво изгледа и млада е, има вкус за добри стари народни песни. За уште некој не можам да се сетам – рече Ана.

фото:Instagram printscreen/anabekuta1

To top