Радио Милева златни стандарди

Стојне Николова со јасен сигнал до сите ергени: „Да не испадне дека бедам од мажачка“

Стојне Николова со јасен сигнал до сите ергени: „Да не испадне дека бедам од мажачка“

Фолк пејачката Стојне Николова реши да одвои време за своите верни следбеници на социјалните мрежи, па преку популарната опција на Инстаграм „Ајде да си поразговараме“ одговараше на нивните прашања и примаше бројни комплименти.

Иако нејзиниот профил вообичаено е исполнет со професионални ангажмани, убави стајлинзи и моменти од настапите, овој пат обожавателите решија да „чепнат“ малку подлабоко во нејзиниот приватен живот.

Меѓу многубројните пораки, во фокусот на вниманието веднаш се издвои прашањето кое најмногу ја заинтригира јавноста:

„Каков треба да е, и што треба да поседува, вашиот партнер, сопруг?!“.

Пејачката, која е препознатлива по тоа што вешто ја крие својата приватност од очите на медиумите и ретко зборува за љубовниот статус, реши да не го прескокне ова скокотливо прашање. Со доза на искреност и директност, таа сподели слика со своите следбеници и напиша:

„Да не испадне дека не одговарам на вакви, а и прашања за мажачка, зошто ги има доста. Треба да биде човек пред се, и да ме почитува“.

Со овој краток, но моќен одговор, Стојне покажа дека за неа материјалните работи и површните вредности не значат ништо доколку ги нема основните човечки доблести како што се почитта и добрината.

Наместо долги листи со нереални очекувања, таа уште еднаш докажа дека цврсто стои на земја и знае што навистина вреди во животот.

Се чини дека кандидатите за нејзиното срце добија јасна и прецизна лекција – патот до Стојне не се купува со скапи подароци, туку се заслужува со искрена почит и со тоа да бидете „човек пред сè“. Со ова сигналот до ергените беше јасен.

Останува да видиме кој ќе успее во иднина целосно да ги исполни овие нејзини златни стандарди!

фото:Instagram printscreen/stojne_official

To top