Познатата македонска фолк-пејачка Стојне Николова уште еднаш покажа дека знае како да го привлече вниманието на публиката и да ги запали социјалните мрежи, дури и кога не е на настап.
Овој пат, атрактивната струмичанка ги изненади своите верни следбеници со спонтано домашно видео на својот Инстаграм профил, каде во опуштено, но исклучително провокативно и младешко издание приреди вистинско мало шоу пред камерата.

Стилизирана во шик, урбана комбинација со модерни фармерки, тренди беж качкет и бела кошула врзана во чвор, Стојне во прв план го стави своето затегнато и голо стомаче, докажувајќи дека изгледа подобро од кога било.
Понесена од добриот ритам од својот дом, пејачката заигра, заводливо заврцка со колковите и на со многу енергија ги запеа стиховите од нејзината позната песна „Камионџија“ – „Имаш камиони, правиш милиони, но со мене не си играј душа ќе те боли…“.
Со насмевка, флертувачки поглед и разиграни движења, таа уште еднаш ја потврди својата природна харизма и блискост со публиката, а на самиот крај на снимката им испрати и сладок бакнеж на сите што ја следат.

Со ова домашно издание Стојне покажа дека без разлика дали е во провокативен фустан со трубачи или во лежерни фармерки по дома, секогаш знае како да направи атмосфера и да ги крене фановите на нозе.
фото: Instagram printcreen/stojne_official/You tube/ Stojne Nikolova





