Радио Милева за ноќните птици

Телевизиско изненадување пред полноќ: Познатата пејачка со својот нов ангажман покажа дека е родена за пред камери (видео)

Телевизиско изненадување пред полноќ: Познатата пејачка со својот нов ангажман покажа дека е родена за пред камери (видео)

Македонскиот телевизиски етер неодамна доби огромно освежување во доцните часови, благодарение на новото музичко шоу „До полноќ со Кали“ кое се емитува на МРТ 1.

Иако публиката со години ја препознава како еден од најмоќните и најавтентичните и вокали на нашата алтернативна сцена, Калина Велковска – Кали со овој проект покажа дека подеднакво брилијантно владее и со водителската улога.

Пред камерите таа делува исклучително непосредно, природно и опуштено, оставајќи впечаток како со децении да ја правела токму оваа работа, а кога ќе се приклучи со пеење, тогаш нејзината вокална автентичност дополнително плени.

Зад нејзиното име стои импресивно две децении долго уметничко портфолио, исполнето со бројни музички изданија, авторски синглови и незаборавни настапи со Националниот џез оркестар и разни алтернативни состави.

Нејзиниот раскошен талент своевремено го занеме и регионалното жири на популарното шоу „The Voice“ во Бугарија, каде што ги воодушеви сите со својот специфичен вокал, а подоцна ја освои и финалната вечер на реномираниот фестивал „Макфест“ со композицијата „4“.

Нејзиното класично музичко образование започнато уште од детските денови и богатиот стаж низ скопските гаражи и авангардни сцени ја прават исклучителен познавач на квалитетниот звук.

Токму таа нејзина длабока поврзаност со сцената се рефлектира во концептот на новото ТВ шоу, каде што Кали со голема леснотија гради беспрекорна атмосфера и интимни разговори со своите колеги.

Во нејзиното последно издание, во студиото гостуваа извонредните македонски музичари Георги Шарески и Џијан Емин, со кои низ многу спонтаност, непосреден хумор и квалитетни муабети приредија вистинско уживање за сите ноќни птици пред екраните.

Наместо класично интервју, Кали на гледачите им нуди дружење во кое музиката е во преден план.

Со ваков старт, оваа исклучителна уметница докажа дека креативноста нема граници и дека нејзината харизма подеднакво силно зрачи и кога пее и кога разговара.

фото: Instagram printscreen/makedonska_radiotelevizija
and kalynainsta

To top