Радио Милева новогодишни желби

„Во Новата си посакувам уште повеќе улоги “ – Димитар Атанасовски со креативна честитка во која многумина се препознаа (видео)

„Во Новата си посакувам уште повеќе улоги “ – Димитар Атанасовски со креативна честитка во која многумина се препознаа (видео)

Со почетокот на Новата Година и месец јануари, доаѓаат новите желби и новите промени кои пак започнуваат со крајот на старата година.

ТВ и радио водителот Димитар Атанасовски токму по тој повод се огласи на социјанлите мрежи каде што е редовно активен и им го привлече вниманието на многубројните следбеници со креативната честитката и желбите во Новата 2026 година.

Тој како главна ѕвезда во честитката ја стави својата сопруга –  познатата пејачка и харфистка Сара Мејс.

Имено Димитар се потрудил и направил едно интересно видео со кое покажа како Сара „го гледа“ но и дека добро се справува со сето тоа. Па затоа во Новата си посакува уште повеќе улоги, а на останатите им посакува по еден “диригент“ во животот, едноставно за да не им биде досадно.

– Како Сара ме гледа.

– Димитар да реновираме! – Во улога на мајстор.

– Димитар, ми се јаде! – Во улога на професионален готвач.

-Димитар, лошо ми е! – Во улога на лекар.

И така се со ред, со хумор ги истакна овие предизвици и ги наброи улогите  кои ги исполнува со радост, остварувајќи и ги желбите на сопругата.  Но, најважно ужива во тоа, а  многумина други ќе се препознаат во честитката за Среќна Нова. Во која напиша :

– Во Новата си посакувам уште повеќе улоги, дека со овие што ги имам веќе добро се справувам.
А вам ви посакувам да си имате по еден ваков диригент во животот, за никогаш да не ви е досадно.
Среќна Нова 2026 – Како Сара ме гледа.

Многубројните реакции покажуват дека честитката допрела до публиката – многумина се препознаа во овие опишани ситуации и уживаа во искреноста на познатата двојка.
Инаку Димитар нагласува дека ги обожава овие празници, бидејќи како што вели имаме повеќе време да сме почесто заедно на маса со оние кои ги сакаме.

Foto: printscreen/facebook/instgaram/dimitaratanasovski_

To top