Радио Милева рок принцеза

Вака стокмено бебе ретко се гледа: Стајлингот на ќеркичката на Александар Јосифовски ќе ве освои на прва

Вака стокмено бебе ретко се гледа: Стајлингот на ќеркичката на Александар Јосифовски ќе ве освои на прва

Македонската Гранд ѕвезда, охриѓанецот Александар Јосифовски и неговата партнерка Ана Павиќ пред неколку дена од печетокот на месец мај, станаа горди родители на женско чедо.

Наследничката го доби убавото модерно име Алексеја, а откако ја здогледа светлината на денот, тато Александар обожава да и ја покажува на јавноста преку социјалните мрежи.

Па така ги видовме: излегувањето од породилиште, првиот семеен портрет во парк, бебешкото креветче, гушкање со тато, а сега и првото дотерување кое вреди за внимание.

Александар како добро познат охридски рокер кој милува бунтовнички моден израз, особено кога е на сцена,  избра да ја стокми и малата Алексеја како рок принцеза од пелени чиј стајлиг ќе ве освои на прва.

Очигледно мама и тато се потрудиле да најдат минијатурни прчиња за новороденче кои не се меѓу комерцијалните типично розови, па Алексеја ја дотераа во црно бело принт боди врз кое има мото- јакничка, а на ноџињата црни кожени чизмички.

Едноставно неодолива рокерка од пелени која е подготвена за на сцена, засега само виртуелна.

фото: Instagram printscreen/alexandarjosifovski

To top