Во домот на македонскиот композитор, продуцент и пејач Роберт Билбилов има голем повод за славење…
Неговиот наследник, синот единец Давид израсна во големо момче кој лани стана полнолетен, а сега стигна до матура и е на прагот на една нова животна етапа.
Разбирливо најсреќни и најгорди на своето чедо се родителите на кои секогап им поминува низ глава, кога ли толку брзо порасна нивното малечко, а Роби како и сите, сигирно се запраша истото?

Гордиот татко и матурантот тргнат на една од ноќите што цел живот се паметат, направија неколку заеднички фотки за на Истаграм каде честитки пристгнуваа од сите страни за убавиот фраер пред кого животот допрва следи.

Кога беше помал, синоокиоот убавец беше дел од филмското улилиште за деца „Тинтири минтири“, каде ги развиваше своите актерски вештини и креативност.

Каде и во што ќе се насочи следно од своето образование, ќе видиме допрва, а дали ќе биде следниот кој ќе седне во студиото на тато, исто треба времето да покаже.
За потсетување, Билбилов се разведе со сопругата Ана по пет години брак од кој го имаат синот Давид.
Честитки и среќно!






