Живот и стил

Десерт за зајакнување на имунитетот

Десерт за зајакнување на имунитетот

Сувите сливи се меѓу најпопуларните сушени овошја, го лекуваат дигестивниот систем и најчесто се консумираат во компоти и зимски колачи…

Сувите кајсии се многу богати со пектин и бета-каротен, поради што се препорачуваат за оние кои имаат проблеми со очите, висок холестерол и шеќер во крвта и имаат корисен ефект врз варењето на храната.

Состојки:

200 грама суви сливи
200 грама суви кајсии
100 грама мелени ореви
100 грама овес
100 грама мелени бадеми
200 мл. мед (една чаша јогурт – 180-200 мл.)
сок од еден голем портокал

Подготовка:

Исецкајте ги сливите и кајсиите на поситни коцки. Измешајте ги мелените ореви, бадемите, овесот, медот и свежо исцедениот сок од портокал и додадете ги сувите сливи и кајсии. Измешајте сè нежно со дрвена лажица и ставете ја смесата во правоаголен калап(може и тавче) и исечете коцки десерт. (МИА)

фото:Freepik

To top