Мегафон концерт за сите сетила

Картите за NUMB – Tribute to Pink Floyd на „Антички“ во Охрид пуштени во продажба

Картите за NUMB – Tribute to Pink Floyd на „Антички“ во Охрид пуштени во продажба

На 23-ти јули (четврток), на сцената на „Антички театар“ во Охрид, ново издание на NUMB – Tribute to Pink Floyd – проект зад кој стојат врвни музичари. Организаторите на овој интересен концертен настан и овој пат најавуваат музичко уживање кое веќе е потврдено дека ќе ги задоволи апетитите и на најпребирливите обожаватели на култниот светски бенд. И овој пат огромно внимание ќе биде посветено како на звукот, така и на комплетниот сценски изглед бидејќи музичкиот перформанс на култните Pink Floyd е аудиовизуелно доживување кое ги буди и допира сите сетила.

На настапот и овој пат ќе бидат изведени дел од највредните дела на основоположниците на светската рок психоделија, легендарните Pink Floyd, меѓу кои: „Shine on your crazy diamond“, „Learning to fly“, „Hey you“, „Another brick in the wall“ и уште мноштво безвременски теми, кои го одбележаа музичкиот карактер и го формираа правецот и вкусот на повеќе генерациии. Впрочем Pink Floyd е една од највлијателните и најголеми рок групи на сите времиња. Со нивните безвременски тематски албуми исполнети со врвна мелодика и совршена хармонија си обезбедија почесно место во историјата на rock and roll-oт, ако не и е на самиот врв на светската музика. Тие се бенд чии совршени музички теми содржат не само поетика, туку и филозофија, политички ставови, животни размислувања, човечки судбини, ликови и карактери… Едноствано, Pink Floyd се многу повеќе од само музика, тие се начин на живот.

Затоа не треба да го пропуштите овој музички настан на 23-ти јули, на сцената на „Антички театар“ во Охрид, на која ќе се случи новото издание на NUMB – Tribute to Pink Floyd. Настанот е во рамките на концертна програма на годинешниот S.O.S. Festival 2026, во организација на „Fresh Union – Film, Music and Booking Agency“. Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Македонија, а влезниците кои веќе се пуштени во продажба можат да се набават на www.wayin.mk и кај „Аждерот“ во Охрид.

To top