Страницата на MKTickets која води до продажбата на билети за концертот на Јован Јованов и Елвир Мекиќ, беше „падната“ неколку часа. Причината за ова е што до неа истовремено пробале да пристапат голем број луѓе, во обид да купат билети.
Од MKTickets работат на решавање на проблемот за да не дојде до повторно паѓање на страницата, таа да биде вратена во функција, а сите што сакаат да купат карти за претстојниот концерт, да имаат директен пристап до неа.
Картите за концертот, што ќе се одржи на 06.06 во арената „Борис Трајковски“ се продаваат многу брзо – остануваат уште мал број влезници. За потсетување, дрес кодот за концертот е White Sensation па дојдете облелени во бело и очекувајте вечер исполнета со многу музика, носталгија, хитови, со одлични гости од Македонија и регионот.







