Вељко Ражнатовиќ и неговата сопруга Богдана Ражнатовиќ имаа одлична причина за славење. Имено, нивниот син Исаија го прослави својот втор роденден!
Двојката организираше гала прослава за својот најмлад наследник, а судејќи според фотографиите што ги објавија на социјалните мрежи, момчето уживаше во изненадувањето.

За оваа пригода, сите тројца синови на боксерот беа облечени во внимателно одбрани парчиња – кошули кои беа слични. Само Исаија, како славеник, имаше кошула со малку поинаков дезен.
Богдана објави неколку фотографии од прославата на Инстаграм, а многумина беа особено воодушевени од фотографијата со баба Цеца .

Сепак, фотосесијата на која гордите родители позираат со Жељко, Крсатан и Исаија, на која не ги симнаа насмевките од своите лица, најмногу воодушеви.

Патем, снаата на Цеца избра лежерна облека за прославата – бели панталони и бела кошула, додека Вељко носеше бели панталони и зелена маица.
фото:Instagram printscreen/bogdanaraznatoviiic







