Кога станува збор за атрактивни и провокативни објави на социјалните мрежи, егзотичната македонска снаа од Кенија, инфлуенсерката и ТВ водителка Ем Вандера, дефинитивно не знае за пауза, редовно честејќи ги своите следбеници со кадри од кои застанува здивот.
Овој пат, таа реши уште еднаш да го крене адреналинот до максимум и да покаже зошто важи за една од највпечатливите дами на домашната дигитална сцена.
Во фокусот на нејзината најнова серија фотографии направени пред огледало, во придружба на ритмичната нумера „Ta Pega“, се најде ултра тесен темно-син комбинезон кој како втора кожа буквално го исцртува секој сантиметар од нејзиното тело.

Овој припиен крој без ракави и со набрано деколте совршено ги нагласи нејзиниот тенок струк, бујните гради и заоблените колкови, откривајќи го сето она со што богато ја надарила мајката природа.

Посебен сексапил и провокативна нота на целиот стајлинг му даваат смелите странични исечоци со проѕирна мрежа и златни нитни долж колковите и бутовите, кои оставаат впечаток дека под комбинезонот нема ништо.

Со самоуверени пози, Ем Вандера уште еднаш предизвика лавина од воздишки и жешки коментари кај машката публика, потврдувајќи дека каде и да се појави едноставно „крева прашина“.
фото:Instagram printscreen/emmvvandera





