Пејачката Катарина Живковиќ проговори за тоа како денес се справува со стресот, зошто се труди пред публиката секогаш да има насмевка, но и за ситуациите од минатото кога не успевала да го контролира гневот.

Говорејќи за својот животен став и работата, Живковиќ истакна дека ретко се жали и дека се труди во сè да ја гледа позитивната страна.
„Кај мене чашата отсекогаш била полуполна. Се радувам на сите успеси и настапи. Кога имало моменти во кои требало да се жалам, не го правев тоа, па нема ни сега. Се трудам да бидам позитивна и да имам насмевка дури и кога не сум расположена. Тоа се можеби потешките страни на нашата работа, бидејќи дури и кога не сте расположени, мора да зрачите со позитивна енергија, за публиката да не го забележи тоа“, рече пејачката.

Иако денес, како што вели, ги остава работите на времето и не троши енергија на луѓе кои не го заслужуваат тоа, признава дека порано реагирала многу побурно, па се случувало и да крши и да фрла предмети.
„Тоа се случи во 2022 година. Толку беше интензивно што се сеќавам и на годината. Беше многу стресно. Бев многу лута и изнервирана, но подоцна сфатив дека тоа не сум јас. Поминав низ многу ситуации кои ме научија дека не треба така да се реагира“, раскажа Катарина.

Таа се осврна и на случувањата во Тител и ги поддржа ставовите на Велко Ражнатовиќ, кој одлучи да го отпише синот од градинка поради спорниот костим.
„Момчињата не носат здолништа и тука завршува приказната. Момчињата носат панталони, девојчињата здолништа. Не е спорен костимот, колку што успеав да следам, туку на Велко, како нормален човек, му пречи тоа што неговиот син носи здолниште. Секоја чест и благодарам што јавно го кажа тоа што се случува“, порача Живковиќ.

На крајот, откри дека празничната еуфорија сè уште не започнала во нејзиниот дом, дека најголема желба ѝ е здравје за семејството и за себе, а допрва размислува како да ја украсат елката, без синот да ја собори и да ги растури украсите.
foto: printscreen/instagram/katarina_zivkovic_official





