Радио Милева од биртија до 5 ѕвездички за 50 евра или вреќа парички?

Македонски естрадни пејачки си испратија „отровни“ пораки околу (пред)новогодишните ангажмани: „Која ти е цената и кај ти е агендата“?

Македонски естрадни пејачки си испратија „отровни“ пораки околу (пред)новогодишните ангажмани: „Која ти е цената и кај ти е агендата“?

Како што се наближуваат новогодишните и божиќните празници, така естрадата трие дланки, зашто ова е период кога групите и пејачите тргнуваат во естрадна жетва. Безброј предновогодишни забави, од приватни до корпоративни, преку вообичаените ноќни свирки во кои пред Нова Година луѓето се некако поопуштени, па се’ до дочекот на највеселата и најлуда ноќ која има некоја чудна моќ, како со волшебно стапче на сите барем малку да ни ги наполни душите, а на естрадата малку повеќе џебовите! Ама тоа е тоа, таква е професијата од која добро се заработува. Можеби не е  нималку лесна, ама затоа е баеги уносна!

До душа за кого како, зашто хонорарот зависи од популарноста, а бакшишот од умешноста… Да се анимираат гостите, се разбира!

Така, некои од естрадните пејач(к)и веќе побрзаа да ја објават за да се пофалат  со својата декемвриско – јануарска агенда на настапи по разно-разни локали. Од кафулиња и кафеани, до ресторани и хотели… Од биртија до пет ѕвездички, во зависност од талентот… или менаџментот!?

Арно ама, ова баш и не ги воодушеви некои од нивните колешки, напротив, ги налути и наежи, па ги испровоцира да се јават со своја реакција на социјалните мрежи!

Една од нив на пример беше  фолк – пејачката Сандра Милковска со жестока порака на социјалните мрежи предизвика внимание во естрадните кругови. Во објава на својот Фејсбук профил, таа упати остри критики кон колешките, отворајќи ја темата за цената на музичките настапи, вреднувањето на пејачите и конкуренцијата на фолк-сцената.


„Ајдеее, пуна агенда за декември за по 50 евра… Не ли ви е срам од сами себе???“ – напиша Милковска, очигледно алудирајќи на ниските хонорари за настапи во празничниот период.
Таа ги прозва пејач(к)ите и за фалбите по новогодишните и празничните настапи, кога во јануари ќе се раскажува за успешни забави и заработени бакшиши.
„Во јануари седнете и раскажувајте како сте направиле топ журка, бакшиш, партали…“
Милковска со уште поостри зборови ја коментираше ситуацијата на музичката сцена, посочувајќи дека без кафанските ангажмани, според неа, многумина би останале без настапи во текот на годината.
„Да не ви се кафаните да се нудите цела година, ќе нема кај да свирите… Ете толку сте ценети.“
Пејачката ја завршила објавата со краток заклучок: „Мизерија“, при тоа не потенцирајќи на кого лично се однесува нејзината Фејсбук објава што ја пренесува ИН магазин!


Но таа очигледно не беше единствената, па така на неа се надоврза и „битолската фолк кралицата на бакшишот“, Марија Луиса Тодоровска, која на својот Инстаграм исто така „колешките со агендата“ ги „засекла до коска“!

„Ние што не објавуваме агенди во декември не работиме?“ – саркастично прашува Марија, па додава: „Прашувам за колешка. Да знам да ја спремам агендата до декември 2027-та“ – порачала пејачката по принципот: „Ти кажувам ќерко, сети се снао“, при тоа не објавувајќи по име и презиме на кого од колешките ова се однесува! Веројатно сметала дека овие „со агендата“ ќе знаат сами да се препознаат!

Фото: Фејсбук и Инстаграм/AI Gemini

To top