Радио Милева исповед

Шок-признание на Милан Калиниќ по една незгодна ситуација на каса: „Луѓе, тоа е тоа, полека да се простуваме“

Шок-признание на Милан Калиниќ по една незгодна ситуација на каса: „Луѓе, тоа е тоа, полека да се простуваме“

Некои ситуации во мигот нè насмејуваат, но истовремено нè тераат да се запрашаме кога времето толку брзо поминало. Токму една таква доживеа актерот и водител Милан Калиниќ, кој пред неколку месеци сподели анегдота од секојдневниот живот, а поради едно сосема обично прашање на каса сфати дека годините сепак полека го стигнуваат.

Имено, Калиниќ раскажа дека за време на пазарувањето, додека чекал да ја плати сметката, од продавачката добил прашање кое никако не го очекувал – дали има пензионерска картичка. Актерот не криеше колку тоа го изненадило, па целата ситуација ја прераскажа на свој препознатлив, духовит начин:

„Сега бев нешто да купам и доаѓам на каса, плаќам, а жената што работи на каса ме прашува: ‘Дали имате пензионерска картичка?’. Нема луѓе, тоа е тоа, полека да се простуваме. Тропаме на вратата на заборавените асови. Е мајку ти, пензионерска, следното што очекувам да ме прашаат е: ‘Извинете господине, дали обезбедивте гробно место?’ Ништо луѓе, тоа е тоа, го фаќаме последниот воз, да го живееме она што преостанало со полни гради“, зборуваше Милан Калиниќ пред неколку месеци.

Освен духовитите анегдоти од приватниот живот, Калиниќ неодамна зборуваше и за една многу посериозна тема – разводот од сопругата Сандра, истакнувајќи дека тој период бил тежок, но дека обајцата успеале да поминат низ него на достоинствен начин, водејќи сметка пред сè за децата. Тој откри дека во моментот кога медиумите почнале да пишуваат за нивниот развод, од нивната разделба веќе биле поминати десет месеци, па во меѓувреме семејните околности постепено се стабилизирале.

„Кога почнаа да пишуваат за мојот развод, бев разведен веќе 10 месеци, мојот живот тргна по нормален пат и децата полека почнаа сè да прифаќаат. Тоа е голем успех и мој и на Сандра што го одработивме тоа на таков начин. Ние тоа не го криевме, кога ќе се појавам некаде најнормално велам дека сум се развел, но не правев фама околу тоа. Тука сфатив исто така колку добри пријатели имам, бидејќи не одеа наоколу да зборуваат за мојата приватност“, рече актерот.

Калиниќ нагласи и дека не ги разбира луѓето кои по разводот се обидуваат да избришат сè што некогаш имале со поранешниот партнер, потсетувајќи дека Сандра засекогаш ќе остане важен дел од неговиот живот, пред сè поради нивните деца.

„Разводот е секогаш тешка работа и нешто што го пореметува човекот, но тоа може да биде и на што побезболен и поцивилизиран начин. Отсекогаш сум имал негативен однос кон луѓето кои кога нешто ќе прекинат, го бришат целиот свој живот како да не постоел. Што значи сега јас да бришам профилна фотографија? Сандра секогаш ќе биде дел од мојот живот, имаме заеднички деца. Секогаш сум тука за неа и знам дека и таа е за мене“, искрено рече Милан.

Тој додаде дека верува оти тие двајца секогаш ќе можат да сметаат еден на друг, а периодот што го поминале заедно е дел од неговото минато кое нема намера да го негира или заборави.

„Можеби сè уште е претежок збор да кажам пријател, можеби еден ден ќе бидеме и вистински пријатели, но секогаш сум тука за сè што ѝ треба. Знам дека таа ќе биде за мене и за мене тоа се нормални работи, тоа не треба да се фали, некако се подразбира. Тоа е сè убав период од мојот живот и нема потреба да го бришам“, заклучи Калиниќ тогаш.

фото:Instagram printscreen/milankalinic_official

To top