Раперот Михајло Веруовиќ Војаж одлучи да направи исклучок и да сподели моменти од приватниот живот, а вниманието го привлече и неговата нова избраничка, која досега не се експонирала во јавноста.
Раперот Михајло Веруовиќ Војаж ужива во еден од најубавите периоди од животот. Откако со својата свршеница доби дете, музичарот одлучи на социјалните мрежи да сподели заеднички моменти и за првпат да ја претстави пред јавноста.

Двајцата позираа на снегот, уживаа во возење со гондола и во зимската атмосфера, а насмевките и нежностите што си ги разменуваа не им избегаа на следбениците.
Фотографиите открија и една поинаква, романтична страна на раперот, кој приватниот живот главно го држи подалеку од очите на јавноста.

Сепак, внимание привлече и уште една промена. Војаж одлучи да го промени имиџот и да ја скрати косата, па многумина забележаа дека сега изгледа значително поинаку.

Инаку, девојката со која раперот доби дете и која сега ја претстави како своја свршеница потекнува од Нови Сад.
За разлика од партнерките на многу познати личности, таа не сака да биде во центарот на вниманието, ниту, пак, го изложува својот живот во јавноста.

Според информациите на тамошните медиуми, станува збор за многу пријатна и секогаш насмеана девојка, која, како што може да се слушне, е многу вљубена во популарниот музичар.
foto:printscreen/instagram/voyage.mp3






