Пејачот Владо Георгиев е познат по тоа што без задршка ги изнесува своите ставови, без разлика дали зборува за музиката, јавната сцена или приватниот живот.
Иако со години успешно гради кариера и прави големи концерти, признава дека зад секој голем настап стојат бројни трошоци и одрекувања, но и дека поради природата на работата често трпи семејниот живот.
Георгиев објасни поради што организацијата на големите музички настани не е толку едноставна и профитабилна како што многумина мислат. Како што истакна, кога нема спонзори, целокупниот финансиски ризик зависи од продадените влезници.
„Арена во овој момент е неоправдано прескапа. Ако немате спонзори, а јас немам ниту еден спонзор, како што немав ниту на претходните четири Арени, немам ниту сега. Работам, значи, исклучиво од тоа дали луѓето ќе дојдат и ќе купат влезница. Доколку одреден број луѓе купат влезница, јас сум на нула. Обично големите концерти не можат да донесат голема заработка. Тоа е голема заблуда. Кога би знаеле само колку треба да се платат трошоците за дополнителна опрема, вадење на паркетот, од подигнување на озвучувањето и осветлувањето на таванот. За еден таков голем концерт работат 150-200 луѓе. Знаете колку всушност помалку пари остануваат отколку кога ќе ја видите цената на една влезница. Купишта трошоци се тука кои луѓето воопшто не ги знаат, но преубаво е да се направи голем концерт“, објасни пејачот.
Сепак, кога рефлекторите ќе се изгаснат, Георгиев се соочува со предизвик кој му е, како што признава, многу поважен од деловните обврски – усогласувањето на кариерата и семејниот живот.
Пејачот не крие дека поради честите патувања и настапи семејството понекогаш мора да се прилагодува на неговиот распоред, а признава и дека не му е секогаш лесно да биде отсутен од најблиските.
„Тешко е да се одржи хармонија меѓу семејството и работата, страдаме сите. Понекогаш воопшто некаде не ми се оди, а морам да патувам, да свирам. Таква е работата, не работам во државно претпријатие. Попустлив татко сум. Тоа е жива вистина дека од децата може многу да се научи. Децата ве враќаат на основните работи кои низ животот ги забораваме и тие поставуваат толку суштински некои прашања и даваат толку некои едноставни, најточни констатации кои сите ние воопшто заборавивме и да зборуваме за нив и да ги практикуваме“, рече Владо.
Неговите ќерки, како што претходно истакнуваше, покажуваат интерес за уметноста, а обете посетуваат музичко училиште и свират клавир. Сепак, Георгиев не сака да им ги наметнува своите очекувања ниту однапред да одредува по кој пат ќе тргнат.
Осврнувајќи се на можноста неговите наследнички еден ден да зачекорат во светот на јавноста, естрадата и социјалните мрежи, пејачот јасно стави до знаење дека не би поддржал секој облик на популарност.
„Мислам дека не би требало моите ќерки да се занимаваат со инфлуенсинг. А кога ќе кажеш естрада, тоа е еден рогобатен збор кој постои само во нашиот јазик, ако мислиш на шоубизнис и на сето тоа. Јас би сакал доколку тоа би било во еден културен и добар формат. Доколку би се отргнале по некои трендови, не би ми се допаднало, искрен да бидам“, искрен беше Георгиев.
Тој додаде дека неговите наследнички имаат бројни интереси надвор од музиката, па секоја од нив ги развива своите таленти и хобија:
„Иако обете одат во музичко училиште, свират клавир, покрај тоа прават уште некои други работи, имаат други активности. И спорт и танц. Софија слика. Не сакам било што да оспорувам, ниту сум од оние амбициозни родители кои сега би ги туркале децата да знаат сè. Детето треба да го избере она што му се допаѓа. Ако нешто не му се допаѓа, не треба да се форсира. На тоа мислење сум. Живееме во лошо време, квалитетот исчезна. И понатаму сме затрупани со треш и шунд и една крш естетика“, заклучи пејачот.
фото:Instagram printscreen/vladogeorgiev






