Поп пејачот Даниел Кајмакоски живее денови на голема радост и среќа поради божјата благослов да се оставри како татко по третпат.
Имено, тој и неговата сопруга Марина повторно станаа родители, овој пат на женско бебе кое го доби името Емилија.
Гордиот тато Даниел убавата вест ја соопшти преку Инстаграм профилот каде наедно ја претстави и својата наследничка, а во описот го откри и нејзиното име заблагодарувајќи и се и на мама Марина за нејзината храброст и рожбата која му ја подари.
-Емилија Кајмакоска. Така, најголемата авантура во мојот живот започна.. На мојата неверојатна сопруга Марина, ти навистина си нашиот херој. Те сакам, напиша тој.
Понесен од убаво, Даниел го покажа и првото добредојде на бебенцето дома каде ја пречека бато и баба која дојде од Виена во Белград за да биде прва помош на тазе породената мајка и секако да им се радува на внуците.
Даниел и Марина се венчаа пред рчиси две години, а летово правеа мала свадбена веселба во кругот на најблиските кога открија и дека ќе станат родители по вторпат откако лани во месец април го добија синчето Стефан.
За Даниел инаку, ова е втор брак. Пред Марина популарниот пејач беше во брак со мисицата Кристина Димитриевска, со која го има седумгодишниот син Давид.
фото:Instagram printscreen/ daniel_kajmakoski