Веројатно секој од нас барем еднаш го слушнал поимот „јавно-приватно“ партнерство. Она кога приватник извршува работа или дава услуги за јавниот сектор, во претходен договор на двата субјекти. Арно ама тоа така изгледа во сферата на бизнисот.
Ама ако убаво проанализирате нечије однесување, бргу ќе сфатите дека и во приватниот живот може да постои облик на „ јавно-приватно“ партнерство. Јутјуберот Стефан Лазаров е најдобар доказ за тоа. Имено, познатиот „поткастџија“ вчера сподели дел од својата приватност која досега немаше можност да ја споделува на ваков начин.

Тој на социјалните мрежи постојано јавно споделува моменти од приватниот живот со неговата сопруга Марта, и тоа од времето уште додека му беше опартнерка. Најчесто во маркетиншки цели, обајцата рекламирајќи разни услуги и производи. И тоа може да се каже дека спаѓа во доменот на новата професија – инфлуенсерството!

Арно ама, Лазаров уште оддамна својата приватност реши јавно да ја споделува на социјалните мрежи на кои ги обзнуваше и најважните моменти од својот (пред)брачен живот.

Така на пример, јавно ја побара девојката за жена на стадионот Камп Ноу на натпревар на неговиот омилен фудбалски клуб Барселона, јавно обзнани кога и каде ќе прават свадба, а сега и јавно соопшти дека тие двајца ќе… Нееее, скраја да е, не е во прашање разделба иако има „делење“ заради „множење“. Или математички гледано во прашање е „производ од количник“!

За да биде појасно, се создава нов живот, односно се множи семејството кога со некого делите постела! Така што не се работи за никаква разделба, туку за семејна принова!

Радосната вест во видео на социјалните мрежи ја сподели самиот Лазаров, откако неговата млада сопруга го направи тестот за бременост кој покажа „две цртки“… Односно дека Марта е бремена! Радоста огромна, среќата неописива, а „расправијата“ околу полот – „слатка“: Таа сака ќеркичка, тој сака синче!
Потоа и клипче од автомобилот, откако следувал првиот преглед, првите труднички симптоми и првото видео и фотографии од ехото и… Излив на емоции од обата идни родители! Или како што ќе рече идниот татко: „Почнува нов живот за нас“!

Многу поинаков, со многу повеќе родителски грижи и обврски, веројатно како и овој досега…

Полн со сегменти од нивното „јавно – приватно партнерство“?! Нека е со среќа!
Фото и видео: Инстаграм/ Јутјуб/_lazarovv





