Радио Милева љубов и работа...

Спејко и неговата расна русокоса рајот го најдоа во Дубаи: Дарко и Хрисанта не на одмор, туку со нов живот во градот од соништата (ФОТО)

Спејко и неговата расна русокоса рајот го најдоа во Дубаи: Дарко и Хрисанта не на одмор, туку со нов живот во градот од соништата (ФОТО)

Дарко Петковски попознат како Дарко-Спејко, некогаш ријалити победник во „Големиот брат“, моден блогер, модел, инфлуенсер, рапер, спортски директор и  општински функционер,  однеодамна реши да смени локација и започне нов живот. И тоа не било каде, туку во Дубаи. Градот од соништата, за кои многумина мечтаат само и да го посетат, а камо ли во него да живеат и работат.

Покрај честата промена на професиите, по која веројатно ниту самиот веќе не знаеше што е  и кое занимае најмногу му прилега и одговара, Спејко стана познат и по промената на девојките, кои отсекогаш биле вистински убавици… И оние за кои јавноста знаеше, како Тина Шегетин со која беше во регионалното ријалити во кое се прослави, струмичката модна блогерка и модел, Љупка Митрова или оваа најновата, расната русокоса убавица која неодамна дипломираше психологија, Хрисанта Монева и се’ уште му е актуелна љубов.

Откако се заедно повеќе од 4 години, дарко и раскошната Хрисанта се речиси нераздвојни, што веројатно е стил на живот на Спејко, или можеби навика стекната од минатите љубови.

Викенди, одмори, егзотични дестинации, па се’ до сега заедничкиот живот во Дубаи, каде според информациите покрај тоа што се профилира како инфлуенсер и фитнес тренер, Спејко во “градот на соништата“ работи и како кошаркарски тренер.

Политичката кариера засега му мирува, а на пауза се и неговите музички обиди како (т)рапер. Во реалните шоуа веројатно никогаш повеќе нема да се врати, а кошарката и фитнесот очигледно сега му зе главна професија и професионална занимација на најпозната блискоисточна локација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by D A R K O S P E J K O (@spejko)

Кога сме веќе кај фитнесот, ништо покуса не е ниту неговата девојка, која сама или со него најчесто споделува жешки фотографии на социјалните мрежи.

Расна, стројна, природно или не бујна и однапред и одзади, Хрисанта покажува дека има долги нозе, тело за медал, извајна задница и бујни гради.

Русокоса убавица која покрај својата убавина поседува таков телесен раскош што можете слободно да ја ставите со некои од познатите регионални, па и светски старлети или топ модели во ист кош.

Но телото само по себе не се развива , ако не си свесен и совесен дека истото треба да се обликува. А како поинаку ако не со фитнес вежби, теретана, спортување… За потоа да имаш нешто што и тоа како е за покажување. А да не се лажеме, Хрисанта и тоа како има што да покаже.

Меѓу останатото и сопственото мото дека: „Лош тренинг – нема, и не може да се случи…“!

Патем,мотивот е многу важен, па Хрисанта пред да покаже со што телесно брилјира, покажа како отприлика би сакала да изгледа и што е тоа што ја мотивира.

Дека никој нема приотив, најмалку Спејко, на сите им е јасно, иако ваква каква што е… малку и треба. А за колку за толку, никогаш не е касно!

Фото: Инстаграм/hrisantam/spejko

To top