Радио Милева по нејзините стапки

Синот на Тијана Дапчевиќ порасна во шармантен дечко: Пушти брада, а пејачката не крие колку е горда на него (фото) 

Синот на Тијана Дапчевиќ порасна во шармантен дечко: Пушти брада, а пејачката не крие колку е горда на него (фото) 

Пејачката Тијана Дапчевиќ вчера имаше голема причина за славење во својот дом.

Имено, Дапчевиќ на социјалните мрежи се пофали дека нејзиниот син единец Вук  наполни 16 години, а сподели и неколку заеднички фотографии.

– Мајкино, да си жив и здрав, мама те сака – порача Тијана на својот Инстаграм профил, а следеа многу честитки, меѓу кои најмногу се истакна онаа од неговата тетка пејачката Тамара Тодевска.

Дапчевиќ неодамна истакна дека е многу горда на својот син и дека тој тргнал по нејзините стапки.

Наследникот на Тијана Дапчевиќ е нејзиниот единец, нејзината гордост, нејзината најголема љубов. Тој е комплетна копија на мајка му, заедно со  музичките гени кои покажа дека ги има откако откри дека музиката е негова определба.

– Тој е заинтересиран за музика, за што сум многу среќна, се занимава со продукција, а тоа ми е од пресудна важност, за да знае во младоста што сака и што сака да работи. Тој е заинтересиран за продукција, има свој профил на „Spotify“, каде ја презентира својата музика и има свои обожаватели, над милион слушатели – неодамна изјави Тијана.

Среќен роденден!

фото: printscreen/instagaram/tijana.dapcevic

To top