Ако во неодамнешното интервју за естрадниот магазин „Бекстејџ“ фолк пејачката Сања Барби Цинцева беше резервирана по однос на релациите со колегите од естрадата, овој пат беше директна и без заобиколување.
Имено, Сања Барби беше гостинка во поткастот кај Давид Давидовски каде повторно тема на разговор беше фолк естрадата.

Барби распали наголемо за однесувањето и коментарите упатени до неа откако пееле во една телевизиска музичка програма каде таа отпеала неколку песни каде имало фалш.
View this post on Instagram
-Јас пола естрада ја избришав од Фејсбук. Јас настапував во една емисија кај што беше емисијата во живо. јас имам треба, мене не обзема некоја возбуда која што кај нормален чоивек тоа го има, кај ненормалните само нема чувства, нема треба и нема возбуда. Јас, вистина ме фати трема, имаше музичари во студиото кај што нели еве вака по строфа- две ќе пеевме во емисија. Јас испеав седум, осум песни македонски, меѓутоа првата ја исфалширав. Не ја исфалширав, туку јас ја почнав да ја пеам од каде што јас пеам. Проблемот беше кај колегите што не можеа да ме најдат. Меѓутоа гколегите го чекаа тоа наредниот ден фејсбуци, статуси, приватни пораки кај колеги „леле дали виде фаш испеа, вака испеа… Па луѓе бе, во живо сум бе ало, тоа во живо се дешава. Како демек само јас фаш пеам? Па пола естрада не ја коментираат, а знаеш зашто, зашто не е интересна. Јас секојдневно гледам по емисииве кај што пеат во фалш, кај што врска немаат од животот. Прво не пеат, второ не изгледаат, трето напрај се, среди се, немој да бидеш со мрсна коса и со сармите на глава. Дајте бе малце, естрада сме, измијте се, средете се, напрајте се, немојте мене да ме коментирате. Остајте ме мене, јас сум „ок“ на врвот сум знам дека гледате од мене, меѓутоа немојте со негативни коментари- директна беше струмичката фолкерка.

Очигледно по гостувањето во споменатата емисија Барби даде и до знаење дека самодовербата ја кренала на посисоко ниво, ама и тоа дека не останува должна на се’ она што и се зборува зад грб.
фото: Facebook/Sanja Cinceva/ Instagram printscreen/davidovski_icon







