Радио Милева искрена

Сања Барби без влакна на јазик: „Не се дружам со колеги, љубоморни се и завидливи“

Сања Барби без влакна на јазик: „Не се дружам со колеги, љубоморни се и завидливи“

Фолк „министерката“, струмичанката Сања Барби Цинцева, овие жешки летни денови патот ја донесе до Скопје и тоа не за настап или шопинг по молови, туку за закажано интервју пред камерата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“.

Почестена за поканата и одвоениот простор, Барби зборуваше за се’ по малку, но најмногу пушти срце и беше бев резерва кога ја прашаа за тоа дали се дружи со колеги од естрадата.

На ова  таа јасно даде до знаење дека меѓу фолк естрадата, барем кога таа е во прашање и нема некоја дружба, пријателски и колегијален однос, туку напротив, па вели:

-Искрени пријатели од естрадата многу малку ги имам. Не комуницирам многу со колеги и со колешки. Многупати се лажам за некои луѓе дека се „ок“, дека се добри и на крајот знаеш како со ножот во грб. Луѓето се малку станати како љубоморни, завидливи, така да не ми треба таква енергија, кажа Барби.

А за се’ друго останато погледнете од целосното интервју во продолжение:

фото:You Tube printscreen/ Backstage Media

To top