Радио Милева едноставна и недвосмислена

„Сакам лето!“ – На Милена Антовска зимата не ѝ е по мерка

„Сакам лето!“ – На Милена Антовска зимата не ѝ е по мерка

Повеќето луѓе го обожуваат лето поради топлината, сонцето и слободата што ја носи, а меѓу нив несомнено е и Милена Антовска. Популарната македонска ТВ водителка позната по својата харизма и насмевка во емисиите што ги води, но и по долгите нозе,  отворено изјави дека не ја сака зимата и не ужива во студеното време, едноставно не и е по вкус.

Во описот на својата најнова објава, таа сподели дека би седела на топличко во емисијата што моментално ја води, наместо да се впушта во зимски авантури на снег.

„Имајте убав снежен ден. Јас сепак не би излегла надвор. Подобро ми е на топличко“, им порача на следбениците на Инстаграм.

Иако сними дел од прошетката низ крцкавиот снег со нерасположен израз, Милена недвосмислено ја заврши пораката: „Сакам лето!“

 

Со оваа објава Милена и стана уште поблиска на публиката. Во ова време додека некои пак уживаат во зимските пејсажи, Милена нѐ потсети дека е во ред да си признаеш што те прави среќен, а за неа тоа е летото.

Foto: print screen/Instagram/milenaantovska

To top