Естрадните пејачки освен по пеењето познати се и по тоа што зад себе имаат доста пропаднати љубови и бракови и тоа сѐ поради кариерата која ја градат безусловно.
И додека кај поголемиот дел приватниот живот е препол со љубовни сценарија, за познатата фолкерка Сузана Гавазова семејството е преоритет, исполнето со хармонија и благосостојба.
Пејачката Сузана Гавазова секогаш умее да ги изненади своите обожаватели, а на нејзиниот профил на Инстаграм ги споделува најубавите моменти од фамилијарните патувања во кои максимално ужива.
А кога споделува емотивни моменти со саканиот знае да каже дека „Нема лек за љубовта освен да љубиш повеќе“.
Но сега беше јасна и нагласи дека тоа е така благодарение на нејзината скромност каде не бара многу но, бара тоа да трае засекогаш.
Овој пат на сопругот Јасмин Курузовиќ фолкерката му упати емотивна порака по повод неговиот роденден заедно со фотографија на која се забележува нејзината среќа и задоволство.
– Не ме сакај многу. Сакај ме малку, но засекогаш… Среќен роденден љубов моја! – напиша таа во роденденската честитка.
Нејзината скромноста во љубовта дефинитивно е лекцијата за успешен брак… а колку може да трае зависи од тоа дали е вистинската.
Фото: printskrin/instagram/suzanagavazova