Очекувањата од Украина на Изборот за песна на Евровизија во Малме, Шведска и оваа година се многу големи, а песната зрачи со „победнички спој на модерното и светото“, како што ја опишаа новинарите во салата.
Засега обложувалниците предвидуваат високо трето место за Украина, но сето тоа би можело да се промени до сабота, кога ќе се одржи финалето на Евровизија.
Украина настапува во првото полуфинале, истата вечер со Србија, Хрватска и Словенија.
Вчера биле одржани генерални проби, а во еден момент една од девојките од Украина се сопнала и паднала на бината.
Хит видеото се прошири на социјалните мрежи, а можете да го погледнете подолу во текстот.
oh HELL NO….. pic.twitter.com/74rCHG2L4S
— 𝐊𝐇𝐀𝐂𝐇𝐎 🇦🇲🇺🇦 (Jerry Heil’s husband) (@KUNT60D41N) May 6, 2024
фото: printskrin/tiktok