Анастасија Ражнатовиќ ги изненади сите со првите фотографии од нејзината бременост, која успешно ја чуваше во строга тајност цени девет месеци сè до самото породување.
Популарната пејачка неодамна се породи во приватна клиника во Севиља и на свет го донесе синот Илијан, кој го доби со сопругот и познат фудбалер Немања Гудељ. Таа сега одлучи на социјалните мрежи да сподели емотивен албум со досега невидени труднички слики.

Анастасија успеа да ја скрие бременоста од очите на јавноста и медиумите во текот на сите девет месеци, уживајќи во мир со своите најблиски.

На објавените фотографии таа позира во опуштени изданија со нагласен труднички стомак, додека Немања нежно ја бакнува и ја држи за стомакот.
Покрај трудничките кадри, пејачката сподели и прва фотографија со малечкиот Илијан, покажувајќи го неговото раче како го допира нејзиното ланче со крст.

Под прекрасните фотографии кои предизвикаа лавина од позитивни коментари, Анастасија кратко напиша: „Благодарам Исус“.
За потсетување, оваа огромна среќа за семејството Ражнатовиќ и Гудељ доаѓа по многу тежок и болен период во нивните животи. Имено, пред нешто повеќе од три години, парот се соочи со огромна трагедија кога Анастасија го изгуби нивното прво бебе.
View this post on Instagram
Таа тогаш беше во петтиот месец од бременоста, а тажната вест за спонтаниот абортус јавно ја соопшти Немања, замолувајќи за приватност и разбирање во тие исклучително болни моменти. По тој тежок удар, нивната љубов успеа да победи сè, па раѓањето на нивниот син Илијан донесе долгоочекувана радост и ново убаво поглавје во нивниот заеднички живот.
фото:Instagram printscreen/raznatovicanastasija







