Познатата македонска актерка и балерина Катерина Шехтанска повторно ја запали јавноста и докажа зошто со години ја носи титулата на една од најсексапилните жени на домашната сцена.
Најновите фотографии кои осамнаа на Инстаграм ги оставија нејзините обожаватели без здив.

На нив, убавата актерка лебди на површината на водата во тесен, провокативен фустан со леопард принт, кој целосно влажен се припива за нејзиното тело.

Додека ужива во водата, Шехтанска изгледа како вистинска дива мачка која заведува со затворени очи и неверојатна доза на сензуалност.
Мокриот фустан само ги нагласува нејзините совршени облини , а комбинацијата од див леопард принт и разбранувана вода создава вистинска еротска уметност.

Ова мокро издание покажува дека за Катерина годините се само бројка, а нејзиниот сексапил е едноставно незапирлив.
фото:Instagram printscreen/ katerinasehtanska/photo by:@ganevikdavid





