Радио Милева семејни врски...

Дарко Димитров сподели емотивно видео: Роденденски танц со ѕвездата… на неговиот живиот!

Дарко Димитров сподели емотивно видео: Роденденски танц со ѕвездата… на неговиот живиот!

Познатиот композитор и музички продуцент Дарко Димитров овојпат не сподели нов хит, музички проект или фотографија од сцената, туку откри една многу поинтимна страна од својот живот – онаа во која најважна улога има семејството и во него „нејзиното величество“ – жената кралица, мајката!

Поводот беше посебен – роденденот на неговата мајка, Лилјана Димитрова, која ретко можеме да ја видиме во јавноста.

Дарко на социјалните мрежи  објави емотивно видео, кое на некој начин е музичко, ама и роденденско. Зашто во позадина оди песната на Сашка Петковска – „Бакни ме“, музика на која Димитров танцува со мајка си, а покрај видеоснимката упати и кратка, но искрена честитка:

„Среќен роденден, мама. Те сакам“ – напишал Димитров.

И додека јавноста е навикната најчесто да го гледа Дарко како работи во своето  музичкото студио сам или во друштво на познати музички имиња, овојпат тој покажа дека најубавите моменти сепак се оние поминати со семејството, со најблиските.

Инаку неговата мајка Лилјана Димитрова со години е далеку од медиумското внимание. Таа е сопруга на легендарниот македонски композитор, аранжер и пејач Славе Димитров, како и мајка на Дарко и Оливер Димитрови.

Оддамна е јасно  дека музичкиот талент во семејството Димитрови не е случајност, но покрај музиката,  тие се семејство кое очигледно ги негува и семејните врски.

Дарко, пак и приватно е посветен на своето семејство. Со сопругата Маја има две ќерки, Лара и Мона. Иако не е од оние јавни личности кои секојдневно ја изложуваат приватноста на социјалните мрежи, одвреме-навреме знае да сподели по некој момент од семејниот живот.

Сепак,  овојпат, со еден танц и неколку зборови, покажа дека зад големото музичко име стои – син кој и понатаму знае да ја почитува, но и како да ја израдува „ѕвездата на неговиот живот“, зашто… една е мајка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Darko Dimitrov (@darkodimitrov)

Фото и видео: Инстаграм/darkodimitrov/AI Grok

To top