Фолк ѕвездата Весна Змијанац никогаш не криела дека во еден период од животот имала проблем со алкохолизмот, па опиша како изгледал тој период.
Навистина, Весна поминала низ агонија кога му се предала на овој порок, а кога раскажала како изгледало сето тоа, изненадила многумина.
-Знаев да одам на гробиштата на Букуља, таму да седнам на гробот на некоја баба и да испијам по девет чокањчиња ракија, а потоа ме фаќаше сон. Верувајте ми, нема ништо потажно од пијана жена. И самата сум склона кон тој порок, за кој оправдување нема, ниту го барам. Тажно е кога жената го ублажува својот јад и очај со алкохол – признала пејачката во една прилика и додала:

-Изгубив многу пријатели во времето кога пиев. Имаше луѓе кои не се согласуваа со тоа и не ми даваа поддршка, напротив. Секој кој ми зборуваше нешто за мое добро помина како бос по трње бидејќи не сакав да слушам. Мислев дека сум најпаметна и велев: „Ма што има кој мене да ми кажува што ќе правам во животот“. Се карав со пријателите секогаш кога ќе ми го привлечеа вниманието на тој одвратен порок. Не бев свесна за тоа што го правам, а порокот ги оддалечуваше луѓето од мене. Знаев, како помлада, да бидам многу безобразна, да бидам тврдоглава до таа мера што мислев дека целиот свет е против мене, а никој не беше – додала пејачката.Таа ги зела работите во свои раце и решила да стави точка на таквиот живот.Знаете, ретко кој ќе признае дека има проблем со некој порок. Обично на тоа ни укажуваат луѓето од околината, па ќе се тргнеме или не. На крајот сфатив дека морам да ги земам работите во свои раце, да се откажам од сè што ми штети за да не отидам во провалија. Оној кој ги измислил и ги направил опијатите, тој сигурно го мрази човекот, ги мрази сите луѓе и самиот себе. Секако, никогаш не се случуваше да испијам толку многу за да не знам каде сум и што правам, но и кога малку пивнувате повеќе пати неделно и тоа е некаков вид а зависност, раскажа Весна за српски Ало/
фото:Instagram printscreen/ vesna_zmijanac_official






