Пејачката Едита Арадиновиќ стана мајка и на свет донесе девојче.
Таа за првпат се огласи по породувањето, објавувајќи фотографија со своето бебе на Инстаграм, каде откри како се чувствува и сподели емотивна порака.
Мама Едита ѝ го даде името Зоиа, а породувањето се случило во болницата „Народен фронт“.

Едита објасни дека не била активна на социјалните мрежи бидејќи се пораѓала, но порача дека наскоро продолжува со објавување содржини штом малку ќе закрепне, додавајќи дека ова чувство е незаменливо и им се заблагодари на добрите луѓе.

Меѓу првите што јавно ѝ честиташе беше нејзината долгогодишна пријателка и популарна пејачка Тамара Милутиновиќ, која на новороденчето му посака добредојде и порача дека ќе биде сакано девојче исто како и нејзината мајка.
фото:Instagram printscreen/







