Радио Милева жена челик

Шокантно е малку да се каже: Само две недели по тешката операција, Едина Муса запрепасти со видео објава од која сите „тријат очи“

Шокантно е малку да се каже: Само две недели по тешката операција, Едина Муса запрепасти со видео објава од која сите „тријат очи“

Познатата екс- македонска кошаркарка, тренер и фитнес инструкторка, Едина Муса, уште еднаш докажа дека зборот „невозможно“ не постои во нејзиниот речник.

Иако пред точно четиринаесет дена помина низ тешка и сериозна операција на коленото, таа не издржа да лежи дома.

Едина Муса одново се огласи од болничкиот кревет, овој пат оперирана, емотивна и благодарна

Наместо тоа, ги спакува спортските работи, замина во теретана и со интензивен тренинг буквално ја шокираше јавноста.

Едина преку својот Инстаграм профил сподели видео каде што вежба со полна пареа, прилагодувајќи ги движењата на моменталната состојба, а покрај снимката објави и брутално искрен, мотивирачки текст кој треба да го прочита секој кој бара изговори:

„Секогаш ќе постои причина зошто не можеш да тренираш. Повреда, операција, патување, недостаток на време… Но, речиси секогаш постои и нешто што можеш да го направиш.Не мора секој тренинг да изгледа исто. Понекогаш тоа се полесни вежби, работа само за горниот дел од телото, мобилност, кардио или вежби прилагодени на моменталната состојба. Важно е да останеш во процесот.Изговори секогаш ќе има, и за да не вежбаш, и за да најдеш начин да извежбаш. Но, и двата избора имаат своја цена.Ако избереш да продолжиш, цената е малку труд и дисциплина денес. Ако избереш долга пауза, цената ја плаќаш подоцна, со изгубена кондиција, сила и мотивација, кога повторно ќе треба да почнеш од почеток.Не мора секогаш да одиш со полна брзина. Но, немој целосно да застануваш. Континуитетот секогаш победува.“- пишува Едина.

View this post on Instagram

 

A post shared by Edina Musa (@edina_musa)

Оваа нејзина објава веднаш предизвика бура од реакција на социјалните мрежи, каде нејзините следбеници коментираат дека таа е вистинска „жена од челик“ и пример за тоа како се победуваат животните препреки.

фото:Instagram printscreen/edina_musa

To top