Познатата македонска екс- кошаркарка, а сегашна фитнес инструкторка и тренер, Едина Муса, успешно ја заврши најавената хируршка интервенција.
Таа веднаш се огласи директно од болничката соба, споделувајќи фотографија на социјалните мрежи со која ги извести своите бројни следбеници за нејзината состојба, откако вчера најави дека истата ќе се случи.
На фотографијата се гледа нејзината преврзана нога во болнички кревет, но и покрај сериозноста на зафатот, Муса не ја изгуби својата препознатлива смисла за хумор.
„Волку немам спиено откако се роди Максим. Реалнооооо…“, напиша таа на својот Инстаграм профил.

Таа упати јавна и емотивна благодарност до медицинскиот тим кој се грижел за неа, нагласувајќи дека поминала низ целиот процес со максимална доверба.
„Искрено, сѐ помина во најдобар ред, и секогаш ми е најважно да бидам во прави раце. Докажано е дека Доктор Несторовски е БР.1 кај нас во Македонија, голема благодарност и до Берат Сејдини, кој со неговото искуство и знаење знам дека сѐ ќе биде во ред и ќе се вратам што побрзо со вежбање“, додава Едина.

Според нејзините зборови, примарна цел по закрепнувањето ѝ е брзото враќање на физичките активности и тренинзите кои се неизоставен дел од нејзиниот секојдневен живот.
Нека е со помин и со лесно!
фото: Instagram printscreen/ edina_musa





