Познатата македонска екс-кошаркарка и фитнес инструкторка Едина Муса уште еднаш покажа зошто ја носи титулата на вистински борец. Таа ја сподели својата емотивна и инспиративна приказна со јавноста директно пред својот најнов здравствен предизвик, заокружувајќи го денот на несекојдневен начин.
Иако се соочува со сериозен оперативен зафат, Едина реши да го одработи својот последен тренинг со полн интензитет, со цел максимално да го подготви телото за периодот што следува. Таа отворено проговори за долгогодишната битка со коленото и за почетоците на оваа тешка спортска повреда.
-Ова е последниот тренинг пред операција, моја шеста операција на коленото благодарение на сите тие тренинзи кои ги имав во Америка. Малкумина од вас знаат дека кога игравме финале со Струга, првата утакмица го повредив менискусот, а притоа играв уште две утакмици повредена,односно не можев да трчам, имав болки, имав сецкања во коленото, искрена е Едина.
Таа појасни дека секојдневниот тренинг и понатаму е дел од нејзиниот живот, но дека спортските перформанси и се целосно ограничени.
-При статични вежби со тежина немам никаков проблем, меѓутоа сум тотално ограничена со било какво трчање, менување на правец итн. Така што…уживам во овие моменти од вежбањето пред операција, го спремив телото и мускулите за закрепнување, сподели Едина.
Она што ги воодушеви и ги насмеа нејзините следбеници на социјалните мрежи е нејзината автентичност и неверојатна позитива. Наместо со автомобил или такси, Едина се упати кон болницата – пешки! На социјалните мрежи таа објави видео со ранец на грбот, покажувајќи дека и во најсериозните моменти знае да се пошегува на свој сметка.
„Кој иде на операција пешки со ранче“, напиша таа во описот на видеото.

Хронолошкиот след на денот заврши таму каде што треба да започне нејзиното целосно закрепнување. Веднаш по пешачењето, Едина ги сподели и кадрите од болничкиот кревет каде што веќе е сместена. Наместо да дозволи грижите да преовладаат, таа најде совршен начин да го пополни времето во болничката соба. Поранешната кошаркарка објави фотографија на која се гледа како се релаксира со отворена книга, пронаоѓајќи го позитивното во оваа ситуација.

„Ако ништо друго овие два дена ќе си ја дочитам книгата “, напиша Едина со хумор, покажувајќи дека деновите поминати во болничкиот кревет ќе ги искористи за мир, одмор и за работи за кои веројатно претходно немала доволно време поради брзото секојдневие, напорните тренинзи и секако мајчинството.
Со ваков став и неверојатна ментална сила, таа уште еднаш докажа дека спортскиот дух е нејзиното најсилно оружје пред претстојната битка.
фото:Instagram printscreen/ edina_musa




