Утревечер „Егоист Бич Бар“ ќе биде местото каде што илјадници фанови ќе го доживеат најголемиот хип-хоп спектакл ова лето. Џала Брат и Буба Корели се подготвени за вечер исполнета со најголемите хитови, врвна продукција и атмосфера што долго ќе се памети.
Публиката ја очекува повеќе од тричасовно аудиовизуелно шоу со спектакуларни сценски ефекти и репертоар составен од најголемите хитови на дуото, но и песните од актуелниот албум GODZILLA, кои веќе ги освојуваат музичките топ-листи и стриминг платформите низ регионот.

GOAT TOUR е во организација на Music Week, платформата што стои зад некои од најголемите музички настани во регионот.
Вратите се отвораат во 19:30 часот, од 21:00 часот атмосферата ќе ја загрева Форора, а веќе од 22:00 часот сцената ја преземаат Џала Брат и Буба Корели.
GOAT TOUR го освојува градот – се гледаме на најголемиот музички хип-хоп спектакл на летото!






