Џонсон Мети („Johnson Matthey“) го финализираше купувањето на компанијата Koрметех („Cormetech“), како што првично беше најавена на 28-ми мај 2026 година.
Заедно со продажбата на „Catalyst Technologies“, финализирана на 17 јули 2026, ова претставува значајно преобликување на портфолиото на Џонсон Mети. Како што компанијата се трансформира во ефикасна и фокусирана компанија што генерира готовина – изградена врз основа на своите водечки способности во областа на хемија на металите од платинската група и контролата на емисиите – групацијата одлично се позиционира да поттикне одржливо создавање вредност.
Спојувањето на деловната единица „Clean Air Solutions“ на Џонсон Mети и компанијата Koрметех ќе создаде глобален лидер во областа на контрола на стационарни емисии со значајно присуство на пазарот на центри за податоци што бележи брз раст. Деловните субјекти обединуваат високо комплементарни технологии, водечка интелектуална сопственост и разновидни односи со клиентите. Со зајакнување на позицијата на групацијата на атрактивниот пазар со потенцијал за раст, Koрметех ја подобрува способноста на ЏM да обезбеди одржливо генерирање готовина и приноси за акционерите на долг рок.
Лијам Кондон, главен извршен директор, вели: „Денес почнува ново поглавје за Џонсон Mети. Со завршување на аквизицијата на Koрметех и продажбата на Catalyst Technologies, сега сме компанија со појасен фокус, добро позиционирана за поттикнување одржливо создавање вредност на долг рок. Со задоволство посакувам добредојде на нашите нови колеги од Koрметех и со нетрпение очекувам да ги искористиме нашите заеднички предности за да ги исполниме очекувањата на нашите клиенти и акционери.“
Неодамна, фабриката на Џонсон Мети во Македонија го произведе 170-милиониот производ, што претставува важно достигнување кое ја покажува континуираната извонредност на фабриката во изминатите 17 години во производство и влијание врз почист воздух во светот. Новиот менаџер на фабриката на Џонсон Мети во Македонија, Зоран Николов тогаш потврди дека „овој 170-милионити производ е почит кон вештината и посветеноста на нашите луѓе во Македонија. Секој производ што го произведуваме придонесува за почист воздух и поздрава животна средина и ние сме особено горди на тоа како нашиот тим успешно ги комбинира високите стандарди на изработката, континуираното подобрување и посветеноста на одржливоста“.
Дополнително, првиот Македонец на позицијата менаџер на фабрика и директор за производство во Џонсон Мети за Европа, Боријан Борозанов, на 1 јули годинава стапи на функцијата извршен директор на одделот за PGM услуги. Ова претставува успех за Македонија, бидејќи земјата добива претставник на една од највисоките менаџерски позиции во светскиот корпорациски гигант.
Корметех е основана во 1989 година и е светски лидер во дизајн, производство и управување со животен циклус на катализатори за SCR за турбини на природен гас и електрани на јаглен. Катализаторите за SCR обезбедуваат високо-ефикасно решение за чистење на воздухот од загадувачи со азотни оксиди што ги емитираат индустриските, рафинериските, петрохемиските и компаниите за производство на енергија. Корметех има значајно присуство на американскиот пазар за SCR и обезбедува решенија за над 400 клиенти, од кои 90% ги користат производите на Корметех повеќе од една деценија.







