Дваесетгодишната Ева Величковска од Скопје ќе ја претставува Македонија на изборот за Мис на светот 2026, кој годинава ќе се одржи во Виетнам, објави организацијата „Мис Македонија“, носител на лиценцата за националниот избор.

„Патот до Мис на светот 2026 започнува. Со гордост ја најавуваме нашата претставничка, Ева Величковска, која ќе ја претставува Македонија на најпрестижниот светски избор за убавина“, објавија од „Мис Македонија“.

Величковска е студентка на Славјанскиот универзитет во Скопје и годинава ќе ја наследи Чарна Невзати, која лани ја претставуваше Македонија на светскиот избор за Мис во Хајдерабад, Индија.

Изборот за Мис на светот 2026 ќе се одржува од 9 август до 5 септември во Виетнам, а финалето е закажано за 5 септември.
View this post on Instagram
Ова ќе биде 73. издание на Мис на светот. Иако изборот постои од 1951 година, оваа година се одбележуваат 75 години од основањето, поради паузите и поместувањата за време на пандемијата.
Фото: Инстаграм/velickovskaae





