Црниот фустан е секогаш добар избор за многу пригоди, а пејачката Каролина Гочева и ТВ водителката Лила Филиповска добро го знаат тоа и секако го применуваат.
Нивниот стилски избор не беше ист, туку делумно случен, Каролина со долга асиметрична тоалета со пресек во пределот на струкот, додека Лила елегантна во макси тоалета со ултра висок шлиц и детали во перделот на градите.

Вака скоцкани, познатите Македонки се сретнаа на еден настап во Радовиш каде Каролина пееше, а Лила си ги бркаше своите стандардни инфлуенсерски ангажмани.

Средба вредна за фотографија и лаф муабет кој на двете им годеше, а Керол го искоментира вака:

-Што убаво дека ве видов после толку време – и напиша Каролина на Лила персирајќи и.

Секако дека комплиментите од следбениците беа обострани, но овој пат Лила со ултра високиот шлиц предничеше пред музичката ѕвезда, па фокусот беше токму таму, а разликата во висина сосема занемарлива.
фото:Instagram printscreen/lilafilipovska







