Старлетата Анѓела Вештица која има македонско потекло од Крива Паланка и чије вистинско име и презиме е Анѓела Митковски , неодамна ја шокираше јавноста кога призна дека продала една фотографија на веб-страница за возрасни за дури 42.000 евра. Од интимнте содржини кои ги продава на „Онли Фанс“ купила и луксузен стан од дури 300.000 евра.

Имено, старлетата Анѓела Вештица јавно призна дека веќе некое време заработува со продажба на интимна содржина на веб-страница за возрасни, а неодамна откри колку пари земала за една фотографија.

„Колку пари заработивте во една трансакција преку страница за возрасни?“ – беше прашањето во шоуто на „Амиџи“.
„42 илјади евра“ – беше јасна Анѓела, што предизвика неверување и во студиото и кај гледачите, а многумина коментираа дека успеала да заработи речиси колку за еден стан за една слика со голотија.

„Нема да зборувам за тоа како да е табу тема. Таа платформа има два милиони корисници, во Србија тоа е табу тема, а не нешто што е вообичаено и нормално. Јас конкретно се занимавам со продажба на некои мои интимни слики и снимки. Тоа е како, да речеме, Инстаграм, само каде што имате членови кои плаќаат месечна членарина што ми ја уплаќаат лично мене“ – рече Анѓела претходно.

„Порано, често зборував за тоа како жалам за учеството во филмовите за возрасни. Тогаш се чувствував виновна, мислев дека е голема грешка, сега, да можев да се вратам во времето, никогаш немаше да се вратам во Србија и ќе продолжев да ја работам таа работа. Знам дека за да снимаш во индустријата за возрасни мора да бидеш здрав и тестиран за сè. Никогаш не сум прашувала толку многу за тоа, бидејќи не ме интересирало, сакам да работам од дома, да сум свој шеф, да работам кога сакам, да одговарам на пораки кога и кому сакам“ – вели познатата старлета.




