Радио Милева прв јавен настап

Ова слатко девојче денес спие на богатство: Целосно го смени личниот опис, а кариерата ја почна на 13 години (видео)

Ова слатко девојче денес спие на богатство: Целосно го смени личниот опис, а  кариерата ја почна на 13 години  (видео)

Дара Бубамара денес води луксузен живот. Со својот глас, но и со својот стас, таа со години блеска на сцените низ регионот, а кариерата ја започна на само 13 години.

Таа со својата харизма веднаш ги освои срцата на публиката, иако изгледаше и звучеше сосема поинаку, што може да се види на видеото од нејзиниот прв јавен настап, кое стана вирално на мрежите.

Имено, со оглед на тоа што Дара тогаш била сè уште дете, нејзиниот глас бил недоволно развиен, а звучела како вистинска девојка, во која сите веднаш го препознале потенцијалот за голема популарност.


Исто така, песните кои ги отпеа на почетокот на кариерата се сосема различни од нејзиниот сегашен репертоар, со оглед на тоа што тогаш беше во тренд поинаква музика.

@darusdespot8 Dara Bubamara – Prvi nastup (1989) #darusdespot #pjevač #bandzasvadbu #svadbe #zabave ♬ original sound – Darus Despot

Од видеото се гледа дека познатата фолкерка и тогаш немала сценска страв и дека веќе било јасно дека ќе биде голема ѕвезда. Имала кратка фризура, а косата и била во природна, темно кафеава боја.

фото: printskrin/instagram

To top