Радио Милева нова провокација

Накова се породи пред неполни две недели, а нејзниот постпартум изглед е надвор од реалноста

Накова се породи пред неполни две недели, а нејзниот постпартум изглед е надвор од реалноста

Една од најатрактивните македонски убавици, Александра Накова, едноставно не престанува да ја бранува домашната јавност.

Откако неодамна како бомба одекна веста дека ја криела бременоста и на свет го донесе своето второ дете, синчето Александар со бугарскиот фудбалер Ѓорѓи Јомов, таа повторно успеа да ги остави фановите со отворена уста.

Александра Накова стана мајка по вторпат! За приновата се пофали и овој познат фудбалер

Само пред неколку дена убавицата од Гевгелија сподели прекрасни, уметнички фотографии со трудничкото стомаче, откривајќи како изгледала во деветтиот месец од бременоста која со месеци успешно ја чуваше подалеку од очите на медиумите.

Но, додека јавноста уште зборува за нејзината тајна љубов и породување, Накова веќе сервира ново изненадување. На нејзиниот официјален Инстаграм профил се појави црно-бело селфи од автомобил, на кое тазе породената мама изгледа повеќе од сензационално.

Облечена во супер-тесен спортски комплет на прерамки, со очила за сонце и длабоко деколте, Александра покажа неверојатно витка и затегната линија.

Она што веднаш ги подгреа теориите и коментарите меѓу нејзините следбеници е фактот што Александра се породи пред само две и пол недели. Поради нејзиниот брутално добар и среден изглед на „стори“, многумина се прашуваат: Дали Накова успеала да ја врати манекенската линија со брзина на светлината или пак станува збор за малку постара, досега необјавена фотографија која само ја искористила за поздрав со фановите?

Без оглед на тоа дали селфито е направено деновиве или во минатото, едно е сигурно – Накова знае како да го сврти вниманието кон себе и да докаже дека сè уште успева да доминира со провокација и добриот изглед!

фото: instagram printscreen/

To top