Пејачката Викторија Лоба покрај својот глас, впечатливиот руски изглед и продорните сините очи, како свој заштитен знак ја има долгата руса коса.
Знак на распознавање, кој речиси никогаш не го менуваше. Но, по се’ изгледа само до сега, зашто пејачката има нов имиџ!

Пред извесен период постепено почна да ја крати долгата руса коса, за сега да стигне до варијанта каква не била досега- со шишки.
Убавицата на која од почетокот на кариерата долгата руса коса и е заштитен знак, после долги години се реши на промена.

Велат дека жените прават промена на косата кога им се случуваат и промени во животот, а кај Лоба видливо е дека се позитивни.
Новите фотографии со новата фризура собраа низа позитивни реакции и коментари и сите и порачаа едно: дека и вака изгледа одлично.

Како и повеќето познати, така и Лоба започна да се занимава и со инфлуенсерство, па така често рекламира и препорачува разни производи.
Деновиве се одмораше од се’ па сега следи петочки настап во Скопје.
Како ви се допаѓа новата Лоба?
фото:Instagram printscreen/victorialoba




