Радио Милева свршенички прстен среде настап

На првиот од осмомартовските концерти на Александар и Дац во МНТ: Иван – гитаристот на нивниот придружен бенд ја запроси пејачката Тијана Периќ (ВИДЕО)

На првиот од осмомартовските концерти на Александар и Дац во МНТ: Иван – гитаристот на нивниот придружен бенд ја запроси пејачката Тијана Периќ (ВИДЕО)

Во пресрет на празникот 8-ми Март, односно Денот на жената, македонскит естрадно-музички двоец Александар Митевски – Драган Спасов Дац, закажаа два концерти во МНТ, кои експресно беа распродадени.

Првиот се случи во петокот навечер, на 6-ти март кога во преполниот театарски салон на МНТ, Александар и Дац ги изведуваа своите најголеми хитови и избор од познати македонски евергрини, засилени  со нивните специјални гости и бенд во живо.

Сцената посебно уредена со соодветна сценогрфија која и доликува на претпразничната атмосфера и на типот и содржината на песните кои двајцата естрадни уметници ги изведуваат.

Во едн момент среде концертот кој беше насловен „Дамите бираат“, во паузата помеѓу две песни, Дац ќе се симне од сцената и ќе замине меѓу публиката… Овој пат за тој да одбере една дама променета целата во црвено и за рака да ја одведе до бината. Оние што ја познаваат веднаш ја препознаа младата пејачка Тијана Периќ, која помисли дека ова е некакво изненадување за неа и дека ја носат на сцена за нешто да запее.

Изненадување беше, ама сосема поинакво од музичкото и многу поголемо од очекуваното.

Имено, кога дојдоа на сцена, Дац ја замоли да ги затвори очите и да замижи. Младата пејачка тоа го стори, а од зад грб и пријде едно високо момче и клекна пред неа на колена. Потоа Дац и рече дека сега може да ги отвори очите, а кога Тијана тоа го стори остана стаписана… Од возбуда се разбида и од шок изненадувањето кое нејзиниот сакан и го подготви – да ја запроси и среде концертната сцена да ја побара за жена.

Двајцата веднаш паднаа во љубовни прегратки, на нејзината рака осамна и свршеничкиот прстен, а Дац во свој стил шеговито ги замоли првата брачна ноќ да ја одложат за после концертот. Што на шега и смеа, што вистински, зашто свршеникот всушност беше Иван, гитаристот од нивниот придружен бенд таа вечер, кој ете реши среде концерт да ја побара раката на својата сакана, младата пејачка Тијана.

Нејзината мајка, колешката новинарка Виолета П. Периќ сето тоа внимателно го забележала на својот мобилен, па пресреќна и горда видеото го споделила и на својот Фејсбук профил.

Така, на првата предосмомартовска концертна вечер на Александар и Дац насловена „Дамите бираат“, нивниот гитарист избра да ја побара нејзината рака, а неговата сакана, пејачката Тијана избра да се согласи и да каже – ДА!

 

Фото и видео: Инстаграм и Фејсбук/dac.aleksandar/Виолета П. Периќ

To top