Македонката Елена Миленковска и Србинот Гуте Маринковиќ се запознаа на регионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“. Љубовта се роди, пламна, па резултираше со врска и брак… Набргу дојде и круната… Една, па друга, двете дечиња, двете мали ангелчиња, Максим и нешто подоцна Миона.
Сега кога тие малку потпораснаа, Елена има повеќе време да и се посвети и комплетно врати на професијата – пеењето, зашто додека Гуте заработуваше за семејството таа мораше да се грижи за дечињата. Откако и се врати на работата, дојде време за нешто што сите оддамна од нив го очекуваа како од една брачно – естрадна двојка пејачи. Момент да се направи дует, кој не дека до сега тие го немале во кавер изведбите, но никогаш со авторска песна.
Брачната двојка пејачи откако ја одбра песната, влегоа во студио, ја снимија, а потоа на ред дојде и снимањето на видеоспотот. Преубави кадри, драматична мелодија и возбуда со одбројување до денот кога таа треба да биде промовирана, четврток, 21 ноември 20224.
Разбирливо пред да ја пуштат во етерот Елена и Гуте им ја пуштија на некои свои блиски за да ги слушнат нивните коментари. Тука следува првиот шок и тоа кај Гуте. Разбезумен влегува дома и и’ вели на сопругата:
„Леле Елена, види каква порака добив. Што пишува? – прашува таа. Види го бре ова – и возвраќа вознемирено тој, додека Елена шокирана ја чита пристигната порака: „Песната ви е ДНО!“
Тогаш и таа му признава на Гуте дека и нејзе и стигнала слична порака, кој не верувајќи целиот шокиран ја чита: „Какво ДНО од песна… Песната ви е ДНО! Апсолутно… ДНО!“
За веќе во следниот момент обајцата насмеани во еден глас да кажат: „Благодариме! Едвај чекаме и вие да ја слушнете“!
Зашто сето ова е само една шеговита промотивна најава пред песната чиј наслов е всушност „Дно“ и официјално да биде промовирана и пуштена во етерот!
View this post on Instagram
Оние што предпремиерно веќе ја слушнале и го виделе видеото, се едногласни: „Дно е само насловот… Сето останато е врвно направено!“
View this post on Instagram
Фото и видео: Инстаграм/gute.marinkovic