Весна Змијанац проговори за состојбите во естрадата и за односот со колегите.
Весна Змијанац ги коментираше наводите дека Лепа Брена и Саша Поповиќ последните години не биле во добри односи и дека токму поради тоа неговата кума не одржала говор на комеморацијата, ниту пак се појавила во семејниот дом за да и пружи утеха на неговата вдовица Сузана Јовановиќ во тешките моменти.
Свесна за годините и времето кое незапирливо минува, Весна без двоумење истакна дека не верува дека ќе бидат присутни голем број колеги кога ќе ја испратат во вечното почивање.
– Ќе бидам целосно искрена и ќе кажам дека верувам дека кога ќе умрам, многу мои колеги нема да дојдат. Не затоа што не сакаат, туку едноставно ќе ги мрзи да дојдат на мојот погреб – рече легендата на фолк музиката и додаде дека не ги знае деталите за врската на Лепа Брена и Саша Поповиќ.
– Не знам речиси ништо за нивната врска. Причината е што никогаш не сме биле многу блиски. Мислам дека, ако ме служи добро сеќавањето, само еднаш отидов кај Саша. Не им верувам на насловите дека не разговарале, дека се карале… Сепак соработувале и поминале толку години заедно. Сале направи многу за кариерата на Брена, воопшто за „Сладок грев“. Работеше како црв и верувам дека му е благодарна за се. Се сомневам дека беа во лоши односи.
На комеморацијата што се одржа во чест на медиумскиот маг, говори одржаа Марија Шерифовиќ и Ана Бекута, додека Брена не се збогуваше со Поповиќ. Весна Змијанац во ниту еден момент не ја осудува својата колешка за ова.
фото: printscreen/instgaram