На ТВ водителката Милена Антовска Станковска и тежеше на душа што нејзиниот колега, водителот Роберт Јанков ретко или можеби воопшто не зборува за голрмиот талент кој го има владеејќи ја камератра, но не пред објектив, туку зад истиот.
Со една црно- бела фотографија која на Милена премногу и се допадна, а истата ја направи Роберт, таа ја сподели на социјалните мрежи и го разоткри колегата за неговата дарба.
-Искрена, спонтана насмевка се забележува нели? Инаку фотографијава ја направи мојот драг другар и колега Роберт Јанков кој што е многу скромен и не сака да зборува колку е талентиран и колку го сака ова свое хоби, ама еве јас јавно ќе го пофалам. П.С. Црно – белите фотографии ми се омилени, заклучи Милена.
Наедно, специјалност на Роберт е токму црно- белата фото техника, а од многуте фотографии кои го красат неговиот Инстаграм профил, најголемиот дел се токму вакви.
View this post on Instagram
Вистински разгледници, навидум направен од врвен фотограф, кој во случајот и навистина е, само за тоа како што вели Милена, тој не се фали и зборува.
View this post on Instagram
Во случајот оставено е за оваа маестралност на Роберт Јанков да говорат делата и секако сите оние кои ќе ги видат.
фото:Instagram printscreen/ utrinska_zdravo_makedonijo/ rjankov/ milena_antovska